1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избегнувајте да објавувате фотографии на деца на Фејсбук

Томас Лачан
6 мај 2023

Родителите често со голема радост и гордост објавуваат фотографии од своите деца на социјалните мрежи. Без да се сомневаат дека прават нешто ризично. Зошто е добро да се биде повнимателен и кои се ризиците.

дете
Родителите треба да бидат повнимателни кога објавуваат фотографии од своите децаФотографија: Fabian Strauch/dpa/picture alliance

Раѓањето на бебето, неговата прва насмевка, првите чекори - родителите обично се возбудени за секој напредок на нивните деца. Овие посебни моменти често се доловуваат на фотографии и гордо им се прикажуваат на најблиските. Меѓутоа, со ширењето на социјалните мрежи, на тамошните профили се почесто се појавуваат детски фотографии - јавно на интернет. Ова може да има некои несакани последици.

1300 фотографии пред 13-от роденден

„На крајот, најмногу се работи за одобрување - преку механизмите што ги нудатсоцијалните мрежи за лајкови“, објаснува Софи Пол од Германскиот детски фонд. Некои луѓе дури и ги вклучуваат своите мали деца во рекламни натпревари, при што инфлуенсерите ги користат за да промовираат козметика или бебешка облека. Секој има право да избере каде ќе се појави неговата фотографија - ова треба да важи и за децата.

Британската служба за деца предупреди во извештајот од 2018 година дека родителите објавуваат во просек 1.300 фотографии од своите деца пред да наполнат 13 години.

Фотографии со последици

Но, интернетот никогаш не заборава. Ова е проблем. На пример, кога децата не се согласуваат со она што го објавуваат нивните родители, нешто што тие го сметаат за преслатко - може да биде срамно за детето. „Нешто од тоа што ќе се објави може да стане повод за малтретирање и навреди“, објаснува Софи Пол. Тоа може да биде проблем и кога ќе аплицирате за работа подоцна, бидејќи компаниите во Германија, по правило, ги проучуваат кандидатите, вклучително и нивната активност на социјалните мрежи, а присуството на несоодветни фотографии или коментари се секогаш неповолни, објаснува експертот.

Покрај тоа, често на фотографиите можете да ги видите не само лицата на децата, туку и околината - куќата, градинката пред неа. И пропратниот текст со објавите може да открие многу други лични податоци како што се името на детето и датумот на раѓање. „Сите овие информации може да се искористат за да се утврди точната адреса на детето“, објаснува Софи Пол. Секогаш постои ризик овие податоци да паднат во несоодветни раце или да се прошират меѓу педофилите, нагласува експертот. Веќе во 2019 година, германски онлајн портал посочи дека Инстаграм активно се користи од луѓе кои бараат сексуален контакт со деца, а нивните фотографии се собираат и проследуваат преку такви мрежи.

„Родителите обично имаат јасна претстава за проблемите со објавувањето наФејсбук, ТикТок или Инстаграм“, објаснува Софи Пол. Според неа, сепак, повеќето родители сметаат дека месинџерите како WhatsApp или Viber се многу побезбедна опција. Но, и во приватен разговор не може секогаш да се биде сигурен дали соговорникот не ги проследува фотографиите на трети лица.

Франција го забранува споделувањето со закон

За да го спречи ширењето на непристојни фотографии, Франција сака да им забрани на родителите да споделуваат фотографии од своите деца на социјалните мрежи без нивна дозвола. Случаите кога едниот родител сака да му забрани на другиот да споделува фотографии од своето дете ќе бидат решени и законски.

Интернетот претставува опасност за децата чии фотографии се наоѓаат на социјалните мрежиФотографија: empics/picture alliance

Во екстремни случаи, родителите може дури и да ги загубат правата за фотографиите на нивните деца. Предлог-законот, исто така, има за цел да го воведе правото на децата да бараат сите нивни фотографии да бидат отстранети од онлајн платформите кога ќе наполнат одредена возраст.

Децата треба да бидат вклучени во одлуката дали да ги објават своите фотографии

Софи Пол смета дека францускиот предлог-закон е добар бидејќи ги почитува правата на малолетниците, кои веќе се вградени во Конвенцијата на ОН за правата на детето. „Не станува збор за целосна забрана за прикачување слики на деца на интернет, туку за ограничување на прекумерната и непочитувачка употреба на нив на интернет“, вели Пол.

„Правото да се контролираат сопствените слики значи дека секој човек ќе може сам да одлучи кои слики од него ќе бидат објавени на интернет. Затоа, исклучително е важно децата да бидат вклучени во донесувањето на оваа одлука, а не да се игнорираат. Според експертот, образованието е најважното средство за заштита на децата од несакани последици. Во градинките, училиштата, на социјалните мрежи, но и меѓу самите родители. Прво, семејствата треба да „изградат заедничко разбирање за тоа како да се третираат снимките на одговорен начин“, вели Пол.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми