1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Германија ќе инвестира милијарди евра во водород?

АРД
27 јули 2024

До 2045 година Германија треба да стане климатски неутрална - меѓу другото и со помош на водород. Освен сопствено производство, Владата планира да увезува и од странство. Ниту едното ниту другото не е толку едноставно.

водород
Зошто се инвестираат милијарди во водород?Фотографија: Alexander Limbach/imago images

Во средината на Рурската област има четири големи високи печки во кругот на фабриката за челик ТисенКруп во Дуизбург. „Тие произведуваат околу десет милиони тони челик секоја година“, вели Матијас Вајнберг, шеф на металуршкиот центар во фирмата. „Во исто време, секоја година се создаваат околу 20 милиони тони јаглерод диоксид.

Тоа сега треба да се промени. До 2045 година, ТисенКруп има намера своето производство на челик да го направи климатски прифатливо. Градежните работи веќе започнаа на местото на фабриката во Дуизбург. Наместо валкан јаглен наскоро ќе се користи водород. „Со новиот процес ќе заштедиме околу 3,5 милиони тони јаглерод диоксид секоја година“, вели Вајнберг. Тоа е еден од најголемите проекти за декарбонизација, односно намалување на зависноста од фосилни горива во светот.

Повеќенаменски извор на енергија 

„Водородот може да игра важна улога во многу сектори“, вели Том Смолинка од Институтот Фраунхофер. Може да се користи не само во челичната или хемиската индустрија, туку и во транспортниот сектор или во електраните.

Затоа сојузната влада се потпира на водородот - и сака да го воспостави како извор на енергија во Германија. Но, не е толку едноставно. Засега во тек се само мали пилот проекти, што ја прави технологијата прилично скапа. Дополнително, потребно е да се изгради комплетна инфраструктура.

За ова се потребни производствени капацитети, т.н електролизери. А, за транспорт на водород ќе бидат потребни околу 10.000 километри цевки. Исто така, потенцијалните корисници, како што се фабриките за челик или цемент, мора да ги приспособат своите капацитети. Сето ова бара милијарди инвестиции. 

До 2045 година Германија треба да стане климатски неутрална - меѓу другото и со помош на водород.Фотографија: Rupert Oberhäuser/imago images

Најверојатно ќе биде потребен увоз 

И покрај тоа, сојузната влада очекува огромна побарувачка која ќе продолжи да расте во наредните години. Потребата на крајот би можела да биде толку голема што водородот веќе нема да се произведува исклучиво во Германија. Затоа, Министерството за економија планира долгорочно да увезува 50 до 70 проценти од странство - на пример, преку цевководи или бродови.

„Најбрзо може да се имплементира гасоводот до Данска и понатаму до Норвешка. Разговараме и со Велика Британија и Ирска за изградбата на гасоводот“, рече сојузниот министер за економија Роберт Хабек. Можен е и увоз од Франција, Шпанија и Португалија. „И користењето на постојниот гасовод до Алжир ќе биде уште еден коридор за увоз“, додаде министерот. 

„Зелено“ производство на челик - со водород наместо јаглен

01:09

This browser does not support the video element.

Натпревар за водород 

Сепак, повеќето од плановите моментално постојат само на хартија, иако веќе има т.н енергетски и водородни партнерства со околу 40 земји ширум светот. Моментално најважно е да се обезбедат потребните количества на водород кога, како што се очекува, ќе почне големо производство во големи размери во други земји.

Досега, федералната влада не беше особено конкретна. Сè уште не е јасно од каде точно ќе дојде водородот и колку ќе чини сето тоа. Единственото нешто е сигурно: владата веќе инвестира многу пари за да воспостави употреба на водород во Германија.

Критики од опозицијата и од економијата 

Опозициските партии ЦДУ и ЦСУ критички гледаат на овие планови. „Треба подобро да го искористиме нашиот потенцијал во Европа“, вели Андреас Јунг, експерт за енергија на ЦДУ/ЦСУ. Тој првенствено се плаши од меѓусебната конкуренција во Европа и вели: „Нашата цел би биле заеднички европски набавки“. Имено, доколку секоја земја во Европа сама набавува водород, цената би можела значително да порасне.

Ивон Руф е исто така скептична. „Во Германија тоа нема да можеме да го реализираме во таа временска рамка. Заостануваме во изградбата на инфраструктурата и кога е во прашање увозот“, вели експертот за водород од консултантската компанија Роланд Бергер. Целите за производствените капацитети се премногу оптимистички, смета таа.

Во компанијата ТисенКруп во Дуизбург се многу поголеми оптимисти. Првите водородни постројки во производството на челик треба да бидат во функција од 2027 година. „Се разбира дека и веруваме на владата дека ќе обезбеди снабдување со водород“, вели Вајнберг. „Во спротивно немаше да го градиме овој нов објект“.  

Низ Германија возат првите водородни возови во светот

01:54

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми