1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Зошто има сѐ повеќе дијагнози – аутизам?

Елена Вајд/ (СВР)
25 февруари 2023

Бројот на дијагностицирани случаи на аутизам расте со години. Нова студија од САД покажува дека посебно погодени се децата. И матичните лекари се сензибилизирани за темата.

Аутизам
Зголемен број на дијагнози - аутизамФотографија: Uwe Zucchi/dpa/picture-alliance

Во светот зачестено се јавува за случаи на растројства од аутистички спектар. Моментално болеста има достигнато преваленција од 0,6 до еден процент. Трендот е видлив и тука: нова студија од САД, објавена во стручното списание „Педијатрија“, укажува дека во околината на метрополата Њујорк кај дијагнозите за растројства од аутистички спектар е регистриран пораст од 500 проценти. Студијата бележи најголем скок токму кај децата. На што се должи ова?

„Интернационален феномен“

„Содржински, не се соопштува ништо ново. Отприлика од 2000. година наваму во светот постои растечка преваленција на растројства од аутистички спектар, од неколку промили до сегашниот еден процент. Притоа, постојат делумно големи разлики во темпото во одредени региони, но во прашање е интернационален феномен“, објаснува Свен Белте, раководител на Центарот за невролошки растројства и Одделот за невропсихијатрија во Универзитетот Каролинска во Стокхолм.

Во цел свет, вели научникот, стапката во меѓувреме достигнува од еден до три проценти. За Германија нема конкретни истражувања, најчесто се споменува зачестеност од еден процент. Аутизмот често се јавува фамилијарно. Иако точните причини за негова појава не се доволно истражени, решавачка улога играат генетските фактори. Како надминати денес се сметаат претпоставките дека аутизмот настанува поради недоволно пружање љубов во детството или поради вакцини. Влијанието на околината меѓутоа не е доволно испитано.

Темата аутизам игра сѐ поголема улога и во медиумитеФотографија: Berit Kessler/Zoonar/picture alliance

Сѐ повеќе аутисти?

Дали навистина има сѐ повеќе аутисти, не може категорички да се одговори со да или не. Тоа го предочуваат и бројките од актуелната студија во САД, објаснува Белте:

„Интересно е што, според студијата, има зголемен број дијагностицирани случаи во слоевите со повисока заработувачка. Во Шведска е пак спротивно. Тоа секако има поврзаност и со добрата здравствена заштита и пристапот до неа. Во САД добрата здравствена заштита е многу посилно поврзана со примањата отколку во Шведска. Кај доселениците, кои често имаат и помали приходи, ние на пример не гледаме посебно високи бројки“.

Во меѓувреме, лекарите прават разлика не само меѓу разни форми на аутизам, како на пример Аспергер-синдром, туку поаѓаат и од постоење на спектар на аутистички растројства. Значи, има проширување на критериумите за поставување на дијагнозата, поради што се опфаќаат и повеќе луѓе. 

„Денес се дијагностицира аутизам и кај многу возрасни луѓе. Значи, аутизмот ја опфати и психијатријата на возрасни лица, што порано не беше случај“, вели Белте.

Се дијагностицира зачестено и аутизам кај девојчиња, случаи кои порано беа превидувани, зашто болеста важеше долго време само како заболување кај момчињата. Зголемениот број на дијагнози аутизам е резултат и на подобреното школување на лекарите. Во најдобар случај, засегнатите на тој начин добиваат помош и тераписка понуда порано и почесто.

Многу аутистични луѓе уште доживуваат бројни бариери во општествотоФотографија: Anna Marie Goretzk/DW

Аутизамтрендовска дијагноза?

Темата аутизам игра сѐ поголема улога и во медиумите, но сепак погодените се чувствуваат често запоставени. Многу аутистични луѓе сѐ уште доживуваат бројни бариери во општеството, на пример при барањето работа: „Работниот свет само во поединечни случаи е спремен да излезе во пресрет на потребите на аутистите“, вели Самуел Ото. Тој самиот е аутист и се залага за поголемо учество на погодените во медијалната дебата околу аутизмот.

„Тоа со медиумите е меч со две острици“, објаснува тој. Медиумите на пример уште шират делумно стереотипна слика на воочливо социјално изолирани аутисти, што не е разјаснувачки приказ на аутизмот.

Ерато комуникација

01:10

This browser does not support the video element.

„Меѓутоа, преку медиумите воопшто темата станува видлива. Според мое мислење, тоа не е идеален, но сепак е нужен прв чекор.“

Да се сврти фокусот кон оваа група луѓе, преку серии, филмови, книги, придонесува и за прифаќање на различноста. Ото притоа забележува и критикува што станува и мода и извесен тренд имитирањето на луѓе со аутизам. Во меѓувреме на итнернет постои и самотест: секој кој е малку поразличен или има проблеми со нешто, се чувствува малку аутистично, што се разбира не е точно.

Страдањата поради задоцнета дијагноза

Но, Ото смета дека и кај него поставувањето на самодијагноза бил важен прв чекор кон официјална дијагноза. Зашто тој како дете се обидувал да функционира и силно се маскирал, односно се приспособувал, првично поминал, како и многу други, низ ситото на дијагностицирање, што кај него енормно го издолжило притисокот на страдањата. Многумина засегнати често предолго чекаат на официјална дијагноза.

Актуелните истражувачки работи на Универзитетот Кембриџ покажуваат колку тоа може да биде опасно: научниците првпат испитувале укажувања за аутизам и аутистични црти кај лица кои во Англија извршиле самоубиство. Научниците откриле дека десет проценти од лицата кои починале од самоубиство, покажувале знаци на изразити аутистични црти, што укажува на веројатно недијагностициран аутизам. Поранешни истражувања веќе констатирале дека како луѓето со дијагностициран аутизам, така и оние со пројавени аутистички црти се поподложни на психички проблеми, самоубиствени мисли или однесувања.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми