1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Зошто вреди да се откажете од пушењето?

Јулија Вергин
3 јуни 2023

Веќе осум недели по откажувањето од пушење, се случуваат многу убави работи на човечкото тело и психа. А што точно, тоа го објасни Тобијас Ритер, експерт за прашања од зависности.

цигари
Силната волја понекогаш не е доволна за да се откажете од пушењетоФотографија: picture-alliance/ZB/R. Schlesinger

„Мамо, ќе умреш од пушење!“ Колку почесто син ми беше згрозен од тоа што ме гледаше како пушам, толку помалку можев сама на себе да си го оправдам конзумирањето тутун. И затоа престанав. Тоа се случи во 2019 година.

И два месеци подоцна, останав на мојата одлука. Експертот за зависности Тобијас Ритер беше воодушевен од мојот потег. Тој е раководител на специјалната клиника за зависници од пушење во Универзитетската клиника Лудвиг Максимилијан во Минхен. „Кога ќе престанете да пушите, многу позитивни работи се случуваат во вашиот живот многу брзо“ .

Многу брзо, многу подобро…

Веќе по осум часа телото многу подобро се снабдува со кислород, објаснува Ритер. По само ден-два, многу луѓе велеа дека им се „подобрило“ сетилото за мирис и вкус. По две недели им се подобрила функцијата на белите дробови, што се забележува особено при спортување. Но јас како пушач, имав чувство дека сум во добра форма, како и сега, откако се откажав од пушењето.

„Може да се случи да имате почести напади на кашлање отколку порано“, ме предупреди Ритер во 2019 година. „Причина за тоа се белите дробови кои почнуваат да се чистат. А тоа „пролетно чистење“ трае околу еден месец , објаснува експертот: „По еден месец, вашиот имунолошки систем исто така значително се зајакнува“.

По три месеци апстиненција, може да се очекува многу подобар сон, ми рече Ритер. „Пушачите доживуваат никотинска криза во текот на ноќта. Поради ова, тие не се будат, но спијат многу понемирно. По три месеци, сонот се враќа во нормала“.

Опасноста од третата цигара

Пред да се одлучам за целосна апстиненција, мислев дека е автоматски поздраво да го намалам бројот на цигари. Но, во тој случај не треба да пушам повеќе од две цигари дневно: веќе од третата, отровниот чад предизвикува голема штета на телото. „Кардиоваскуларниот ризик, што значи ризикот од мозочен или срцев удар, не се зголемува значително без разлика дали пушите три или 20 цигари“, вели Ритер. Кај ракот, работата е поинаква. Ризикот се зголемува со секоја индивидуална цигара .

„Добро е што престанавте“, постојано ми кажуваше Ритер. Неговата радост е заразна - бидејќи моето задоволство од откажувањето од тутунот беше релативно скромно.

Што се случува во човечкото тело по откажувањето од пушење?

Во исто време, секој втор пушач умира поради зависност од тутун. Околу 50% од нив дури и пред да наполнат 70 години. „Ефектите од пушењето би ги почувствувале најдоцна на 50 години“, сигурен е експертот. И наеднаш сум многу среќна што престанав – пред „распаѓањето“ да стане видливо.

Висока стапка на „повратници“

Но, тоа не беше воопшто лесно. И не ми требаа помагала како никотински фластери, хипноза или акупунктура за да се откажам од цигарите. Фактот дека мојата силна волја беше доволна може да има врска со тоа што почнав да пушам релативно доцна - на 21 година. Уште една причина да се бидете среќни, вели Ритер.

„Повеќето пушачи почнуваат да пушат на возраст од 12 до 16 години , додека мозокот сè уште созрева. Никотинот е исклучително активен невротрансмитер, кој одлучувачки влијае на развојот на нервните врски во мозокот. Резултатот е зависност која трае цел живот и тешко може да се надмине само со волја, објаснува експертот.

Ритер некако успеа да направи да се чувствувам и гордо и полесно. Но, тогаш ми рече: „Од 100 пушачи кои се откажале од пушење како тебе, односно без помош, 95 од нив повторно почнуваат да пушат во рок од една година“.

Илузија за пушење

Една од причините за тоа би можела да биде „илузијата за пушење“, гаден психолошки трик на никотинот. Психолошката зависност е многу голема, нагласува Ритер. И затоа природно и јас наседнав на таа илузија за пушење: со години се убедував себеси дека пушењето ме смирува, дека ми го одзема стресот и нуди кратка пауза.

„Реално, секоја цигара го зголемува бројот на срцеви удари и те прави понемирен“, вели мојот соговорник. Тоа што имав чувство дека пушењето ме смирува едноставно е поврзано со тоа што после долга пауза без цигари имав апстиненцијална криза и дека моето зависно тело бараше нов никотин. „Затоа цигарите го одземаат немирот што вие како непушач воопшто не би го почувствувале“.

Павлов рефлекс

Првата вечер со пријатели, музика и вино - но без цигари, беше прилично комична. Нешто недостасуваше и се чувствував некако чудно. Со текот на годините, успешно се навикнав на фактот дека пушењето е составен дел од одредени ситуации: со кафе, со вино, за време на пауза.

„Функционира како кучето на Павлов: му давате на кучето нешто да јаде и во исто време ѕвоните. Понекогаш е доволно да заѕвоните и на кучето веќе му тече плунка“, објаснува Ритер.

А за пушачите тоа ѕвонче постојано ѕвони - пушат за опуштање и кога некој сака да се „активира". Како награда после работа, после јадење, чекање автобус или после секс. И така натаму. „Цигарите се цврсто интегрирани во пушачи од секојдневниот живот, тоа е проблем“.

Откажувањето од пушењето исто така претставува задоволство од личниот успехФотографија: picture-alliance/Bildagentur-online

Сакам да престанам. Но како?

Не е лесно да се откажеш. Затоа, Тобијас Ритер прво ги уверува своите пациенти тврдејќи дека неуспехот е составен дел од процесот. „Кога пациентите ќе ми кажат дека веќе пет пати се обиделе да се откажат од цигарите, тогаш јас прво им давам признание на тие обиди. Тоа сугерира дека оваа работа е многу важна за нив“.

Непушењето може да се научи како возење велосипед, вели експертот. Падовите се составен дел, важно е повторно да станете и да седнете. Покрај тоа, важно е да му сигнализирате на мозокот дека нешто се променило. „Седнете наутро на различно столче од вообичаеното. Пијте чај наместо кафе. Ставете го растението на вашето биро на друго место“. Така можете да го „играте“ кучето на Павлов во умот на пушачот.

Но, дури и ако волјата не е секогаш доволно силна, таа не мора да биде автоматско враќање на старите патеки, вели Тобијас Ритер. „Една цигара е непромисленост. Само со втората е враќање на пушењето“.

Оваа статија првично беше објавена во 2019 година и беше ажурирана во мај 2023 година.

 

Забрана за пушење - неопходна заштита или хистерија?

02:00

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми